Камион усмрти велосипедист во Гостивар

На 20.04.2023 во 15.25 часот било пријавено дека во Гостивар на раскрсница од ул.”Беличица” со бул.”Гоце Делчев” товарно моторно возило “ман” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.К.(56) од с.Беловиште, удрило во велосипед управуван од Т.Ј.(72) од с.Чајле.

На местото на несреќата починал велосипедистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.    

Треба да знаете
Последни објави