Екипите на Град Скопје активно работат на расчистување на трасата од објекти за продолжување на булеварот АСНОМ низ Керамидница. На трасата за новиот булевар кој е продолжение на мостот, се наоѓаат вкупно 285 имоти и објекти кои се експроприраат. Интензивно се работи на расчистување на имотно-правните односи за објектите во Керамдница кои се наоѓаат на трасата на пробивањето на булеварот во овој дел градот. Со изградбата на новиот мост Михајло Апостолски и пробивањето на булеварот АСНОМ низ Керамидница, се поврзуваат Општините Аеродром и Гази Баба.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/04/90768C0475274A6A81C56EED82979100.jpg)