Приведен криминалец од липковско за издржување на затворска казна од осум години и четири месеци

На 16.04.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(37) од село Оризаре, липковско.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од осум години и четири месеци за сторени кривични дела „тешки дела против општата сигурност” по член 292, „неовластено изработување , држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 и „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави