Skip to main content
Скопје

Граѓани снимиле камион како истура отпад во Аеродром, Општината изрече казна

11/11/2026  16:29

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако забележале камион како истура отпад на градилиште во близина на поликлиниката „Јане Сандански“.

По објавувањето на фотографиите во групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“, општинските инспекциски служби излегле на терен и презеле мерки.

Од Општина Аеродром известуваат дека на изведувачот му било наложено да го отстрани отпадот и да ја исчисти локацијата, а инспектор за животна средина му изрекол и парична казна.

По интервенцијата, отпадот бил отстранет, а на градилиштето била поставена нова заштитна ограда.