Skip to main content
Економија

Продажбата на станови падна за 14 отсто, во Карпош платени 128.000 евра за 41 квадрат

11/11/2026  13:30

Помалку продадени, а повеќе изнајмени станови — ваква слика покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности за третиот квартал од 2026 година. Бројот на продадени станови е намален за 14 отсто во споредба со претходното тримесечје, додека бројот на закупени станови пораснал за 45 отсто.

Вкупната вредност на продадените станови се намалила за шест проценти, а вкупната месечна закупнина кај регистрираните договори за станови се зголемила за 31 процент.

Меѓу издвоените трансакции е продажбата на стан од 41 квадратен метар во Карпош за 128.000 евра, односно приближно 3.122 евра за квадрат. Кај продажбите од инвеститор е забележан стан од 63 квадратни метри за кој биле платени околу 200.000 евра.

Забавување има и на поширокиот пазар на недвижности. Од јули до септември биле регистрирани вкупно 7.679 купопродажби и закупи, што е пад од 8,2 проценти во однос на вториот квартал. Бројот на купопродажбите се намалил за 12,1 процент, додека закупите забележале раст од 2,8 проценти.

Вкупната финансиска вредност на пазарот изнесувала околу 339 милиони евра, или 3,6 проценти помалку од претходното тримесечје.