Skip to main content
Економија

Мицкоски: Алта Банка нема да банкротира на брутален начин како Еуростандард

11/11/2026  11:48

„Оваа банка нема да банкротира како што тоа беше да речеме случајот со Еуростандард банка којашто банкротира откако неколку дена претходно министер за финансии во владата на СДСМ и ДУИ си го подигна својот штеден влог, коешто претставува навистина скандалозно нешто”, порача премиерот Христијан Мицкоски во Собранието на надзорната расправа за состојбите во Алта Банка Битола. 

Случајот со Еуростандард банка Мицкоски го оцени како брутален начин на банкротирање на една финансиска институција. 

„Тоа е брутален начин на банкротирање на една финансиска институција откако претходно нејзината ликвидност е исцрпена со издавање на кредити коишто влијаат на активата на самата банка, но и на ликвидноста на банката и компании коишто се поврзуваат со една политичка партија којашто е денеска дел од опозицијата. Но, за тоа си има судски процес којшто ќе си даде одговор на сите овие прашања и ќе видиме кои се тие компании, кои се нивните сопственици и како тие компании ја исцрпиле банката до состојба да таа преку ноќ банкротира и луѓето до ден денеска да не можат да си ги добијат парите”. 

Мицкоски го отвори и прашањето дали политичката партија Левица, којашто имала штеден влог во Еуростандард банка успеала да си ги подигнат парите од заштедата.

„Не знам дали си ги доби една политичка партија која што исто така таму имаше штеден влог од 250 илјади евра, тоа беше политичката партија Левица и не знам дали тие успеаја да си ги подигнат парите од заштедата којашто ја имаа во банката бидејќи во овие 12 години функционирање на таа политичка партија освен скапите одмори на Егејското Море, шопингот во бутиците во како љубат да кажат Tесалоники, деловните простори, кафаните, навредите, ништо друго не видовме од таа политичка партија. Се разбира и штедниот влог којшто го гледаме во оваа пропадната банка и не знам дали тоа ќе влијае врз коалицијата СДСМ Левица, бидејќи СДСМ ја пропаѓа банката во која се заробени средства и капитал на политичката партија Левица”, посочи Мицкоски во Собранието.