Skip to main content
Свет

Автомобил влетал во луѓе во Калифорнија, тројца загинати

11/11/2026  08:27

Три лица загинаа, а тројца други беа тешко повредени кога теренско возило удрил во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, објави Ројтерс . Несреќата се случила вчера кратко пред 18 часот по локално време. Полицијата сè уште утврдува што точно се случило и дали возачот намерно се судрил со луѓето или станува збор за несреќа.

„Треба точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Баргер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе пристигнат нови факти“, додаде таа.

Според полицијата и пожарникарите во Лос Анџелес, три лица загинале на местото на несреќата, додека двајца пешаци и возачот на теренецот биле однесени во болница.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренецот скршнал на тротоарот и удрил во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на местото на настанот и дека нејзината канцеларија соработува со градските служби за итни случаи. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на X, додавајќи дека ќе објави повеќе информации штом ќе бидат достапни.

Филијалата на CBS News, KCAL-TV, објави дека автомобил удрил во тезга со храна во близина на автобуска станица на главна сообраќајница во Норт Холивуд, прометна шопинг-уметничка населба позната како НоХо, која се наоѓа во долината Сан Фернандо.