Skip to main content
Хроника

Маж од Дебар со зел малолетничка да живее со него

09/11/2026  12:17

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22) од дебарското село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете”.

На 13.08.2026 пријавениот остварил вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско село, откако, по претходен договор, со неговиот автомобил ја земал во близина на нејзиниот дом. По преземени мерки, тим од полициски службеници и од Центарот за социјални работи, во присуство на член од семејството на малолетничката, извршија службени разговори, по што, С.Ц. беше лишен од слобода.