Skip to main content
Балкан

Двајца загинати во превртување автобус со српски таблички во Хрватска

08/11/2026  09:09

Две лица загинаа, а повеќе се повредени откако автобус со српски регистарски ознаки утрово се преврте на автопатот А3 во Хрватска, потврди загрепската полиција.

Несреќата се случила околу 7:25 часот, на 61. километар, непосредно по клучката Иваниќ-Град, во правец кон Загреб. Според првичните неофицијални информации, во автобусот имало 33 патници и двајца возачи.

Повредените се пренесуваат во загрепските болници. Точниот број и тежината на повредите засега не се соопштени, а причината за превртувањето се утврдува со увид.

На местото интервенираат итните служби, меѓу кои 15 пожарникари со седум возила. Автобусот завршил превртен на страна покрај коловозот, а дел од патниците добивале помош на самото место.

Поради несреќата, сообраќајот меѓу клучките Иваниќ-Град и Ругвица, во правец кон Брегана, се одвива по една лента, со ограничување на брзината од 60 километри на час. Надлежните ги повикуваат возачите на претпазливост