Барса им предложила на играчите да се согласат на намалување на платата за 15 отсто за да може да се врати Меси

Големото враќање на Лионел Меси на Ноу Камп бара голема финансиска жртва- на најдобриот играч на светот минатата година по избор на ФИФА, но и неговите потенцијални соиграчи.

Финансиите на Барселона, не е тајна, се прилично затегнати, па во преговорите со Меси, клубот игра на картата на емоциите бидејќи не можат да му ги понудат парите што моментално ги заработува во ПСЖ, особено не цифрата што му се нуди во Саудиска Арабија.

Додека од друга страна, според тврдењата на шпанските медиуми, клубот од Ноу Камп на играчите им доставил предлог да се согласат на намалување на платата за 15 отсто за да може да се реализира враќањето на Аргентинецот. Засега нема информации како реагирала соблекувалната на предлогот на клупското раководство. Се шпекулира дека реално се мали шансите играчите да се откажат од толкав процент од приходите, но од клупска перспектива вреди барем да се проба.

Во Барселона, пак, владее уникатен став дека клубот не смее да ја пропушти можноста да го врати својот најдобар фудбалер во историјата по истекот на договорот со ПСЖ на лето.

– Ако се одлучи за пари, сигурно ќе има подобри понуди, но ако одлучи со срце, тогаш за Меси нема подобро место на светот од Барселона. Го исвиркуваат во Париз, но ние го сакаме овде – вели поранешниот претседател на Барселона Жоан Гаспарт.

Треба да знаете
Последни објави