
Тројца вооружени сторители ограбиле спортска обложувалница во скопската општина Чаир, од каде што со закана со огнено оружје кон вработениот одзеле пари од дневниот промет.

Според МВР, случајот бил пријавен на 30 октомври во 23:54 часот. По одземањето на парите, сторителите побегнале.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.


