Search

Сообраќајниот сектор во Германија ќе штрајкува

Синдикатот на вработените во германскиот јавен сектор и синдикатот на железничари најавија еднодневен штрајк на сообраќајниот сектор во Германија, кој се очекува потполно да го парализира железничкиот, воздушниот и поморскиот сообраќај. Штрајкот ќе ги опфати и автопатите.

Се очекува од штрајкот да бидат погодени 350.000 патници.

Синдикатите бараат поголеми плати, посебно изедначување на негативниот учинок од инфлацијата со реалните плати. Синдикатот на јавниот сектор бара за 2,5 милиони вработени зголемување на платите од 10,5 отсто.

Германската влада одби да го коментира престојниот штрајк. Од таму рекоа дека не сакаат да се мешаат во преговорите меѓу работодавачите и синдикатот.

„Правото на штрајк е едно од темелните права во Германија“, рече портпаролот на германската влада.

Треба да знаете
Последни објави