Skip to main content
Свет

Секој трет Европеец поддржува авторитарна или популистичка партија

27/10/2026  17:02

Најновото истражување на двата европски истражувачки центри ЕПИЦентар и Тимбро, покажува дека речиси секој трет гласач во Европа поддржува авторитарна или популистичка партија.

Индексот на авторитативен популизам покажува дека најголем раст изминатите години е регистриран во Германија, Бугарија и Норвешка, додека во Унгарија поддршката е значително намалена по изборите во април.

Во Бугарија, Чешка, Романија, Италија и Словачка популистичките партии имаат поддршка од повеќе од половината гласачи. Додека Малта, Хрватска, Луксембург, Велика Британија и Естонија се земји каде популистите имаат најмала поддршка.

Во 50-тите и 60-тите години од минатиот век околу 10 отсто од Европејците избирале авторитарни или популистички лидери, а во 2019 година нивниот процент се искачи до 30. Годинава тие партии имаат поддршка од 32,6 отсто од гласачите.

Најголем раст во поддршката е забележан во Германија каде Алтернатива за Германија (АфД) на последните парламентарни извори освои над 20 проценти од гласовите, додека за партиите на радикалната левица вкупно гласаа 13,8 отсто.

Нетрадиционалните политички партии свои претставници имаат во 11 од 31 европска држава.

Според координаторката на истражувањето на ЕПИЦентар, Емели Франсен големата поддршка за популистите е поради тоа што традиционалните партиите не се во состојба „адекватно да одговорат на предизвиците на нашето време“.

– Успехот на популистите е резултат на недостаток на доверба во елитите. Популистите се поефикасни во комуникацијата од традиционалните партиите, особено во кризни ситуации, како што се пандемијата на Ковид-19, миграцискиот бран во 2015 година или рускиот напад врз Украина во 2022 година, истакна економскиот аналитичар од ЕПИЦентар, Матеуш Михник.

Според него, „популистите можат да ги ’заразат‘ другите политички партии со популизам“.

Популистичките партии во овој индексот, што првпат е објавен во 2016 година, се дефинирани како групи каде што народот го претставуваат над елитата.

– Повеќето од нив се културолошки конзервативни, додека економски се речиси подеднакво поделени помеѓу левицата и десницата. Популистичките партии вклучени во студијата се претежно евроскептични, а само мал број од нив поддржува излегување од Европската Унија, изјави само малцинството го поддржува напуштањето на ЕУ, директорот на Тимбро, Андреас Јохансон Хајне.

ЕПИЦентар и Тимбро ги анализираа парламентарните избори за 260 партии во 31 држава од 1946 година или откако првпат се одржани слободни избори.