Надворешната канцеларија криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Ш.(28) од Гевгелија осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Во ноември лани во Гевгелија полицијата извршила претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле хероин и предмети со остатоци од хероин.