Skip to main content
Свет

Училиштата и продавниците се затворени во Тајван поради тајфунот Чампи

23/10/2026  09:35

Во Тајван, училиштата и продавниците се затворени денеска, а стотици летови беа откажани бидејќи тајфунот Чампи, со силни ветрови и поројни врнежи од дожд, поминува покрај островот.Локалните медиуми јавија за еден загинат и десетина повредени.

Тајфунот го достигна својот врв претходно оваа недела со ветрови од 298 километри на час. Приближувајќи се кон Тајван од југозапад, тој ослабе на 155 километри на час. Според прогнозите, центарот на бурата ќе остане над морето додека поминува покрај североисточниот дел од островот, по што ќе продолжи да се движи кон север кон југозападните јапонски острови. Тајванската метеоролошка служба ги повика жителите во крајбрежните области да избегнуваат активности на отворено.

Илјадници војници остануваат во состојба на готовност за да учествуваат во спасувачки операции.