Шпанските социјалисти водат на анкетите во пресрет на изборите

Шпанските социјалисти би победиле на изборите, кои се закажани на 28 април, со 31 отсто од гласовите, стои во анкетата на АБЦ, што претставува меѓу 137 и 139 пратенички места во 350-члениот парламент, што не е доволно за мнозинство.

Коалицијата на три партии на десната струја, „Народната партија“, „Граѓани“ и крајната десна „Вокс“, би освоила 45,6 проценти од гласовите, што е меѓу 149 и 158 места, но и тоа е недоволно за мнозинство, кое бара 176 раце, според податоците од анкетата.

Социјалистот Педро Санчез би можел да биде повторно избран за премиер, ако упсее да формира уште едно парламентарно мнозинство со помош на крајната лева партија „Подемос“, како и националистичките партии од Валенсија и Баскија.

Санчез би можел исто така да се обиде да состави коалиција со „Граѓани“, но тие веќе претходно одбиле слични навои со соработка со социјалистите.

Треба да знаете
Последни објави