СДСМ: Обезбедени 20,4 милиони евра за филтри на РЕК Битола

Владата предводена од СДСМ, државните претпријатија и институциите продолжуваат со мерки и проекти кои имаат за цел обезбедување на чист воздух и здрава животна средина, се вели во соопштението на СДСМ.

„Распишан е тендер за реконструкција на електростатските филтри на РЕК Битола во вредност од 20,4 милиони евра, пари обезбедени од буџетот на АД Електрани на Северена Македонија. Инвестицијата претставува најголема инвестиција за заштита на животната средина, а средствата се обезбедени преку домаќинското работење на АД ЕСМ“, Велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека електростатските филтри последен пат биле модернизирани во1989 година. Со новата реконтрукција е предвидено значително намалување на издувот на прашина, што значително ќе придонесе за намалување на аерозагадувањето во Битола, Новаци и Могила.

„Продолжуваат успешните политики на Владата предводена од СДСМ во енергетиката. Од земја која беше зависна од увоз на струја, преку домаќинско и одговорно работење АД ЕСМ успева да призвесува и продава вишоци на струја. Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат, чист воздух, развој на енергетиката и ефикасен и стабилен енергетски систем“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Треба да знаете
Последни објави