„Викиликс“: Критиките за Асанж се поврзано со репортажата за корупцијата на Морено

Тврдењата на претседателот на Еквадор, Ленин Морено, дека Џулијан Асанж ги прекршил условите на својот азил се поврзани со извештајот на „Викиликс“ за офшор корупцискиот скандал #INAPapers кој ја разбранува неговата влада и кој го вмеша Морено во корупција, објави веб-страницата на Асанж цитирана од РТ.

Истрагата против Морено беше иницирана од пратеник од еквадорската опозиција, кој од анонимен извор доби досие со документи кои, наводно, откриваат дека Морено и неговото семејство биле вклучени во корупција, криминал и перење пари преку офшор-фирма.

Острата изјава на Морено за основачот на „Викиликс“ дојде “откако Викиликс објави за постоењето на корупцискиот скандал , пишуваат „Викиликс“ на Твитер.

„Викиликс“ не ги објави документите за ИНА на својата веб-страница, но претходно во вторникот, Морено рече дека Асанж ја преминал линијата следејќи приватни политички интереси додека бил затворен во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Еквадор му додели азил на Асанж во 2012 година поради страв дека Велика Британија ќе го екстрадира во САД, каде што потенцијално би можел да се соочи со смртната казна под обвинение за шпионажа.

Морено не рече дали сега ќе бидат преземени чекори за да се истера Асанж од амбасадата. Меѓутоа, политичките аналитичари Марија Паз Џервис и Карлос Естерас посочија во понеделникот дека поради континуираните повреди на владиниот протокол за азил, Асанж може да биде истеран од амбасадата.

Претседателот на Еквадор го зголемува притисокот врз уредникот на „Викилик“с од крајот на минатата година, тврдејќи добил уверување на Лондон оти Асанжнема да биде испратен во рацете на американскиот правен систем.

Треба да знаете
Последни објави