Министерска средба во Вашингтон заради одбележување на 70-годишнина на НАТО

Министрите за надворешни работи од членките на НАТО денеска и утре во Вашингтон ќе одржат средба, на која ќе се фокусираат на заканите кои доаѓаат од Русија и на обидите за зајакнување на присуството на Алијансата во Црното Море, ситуацијата во Авганистан и финансирањето на организацијата.

Министрите се собираат за да ја одбележат 70-годишнината на Алијансата. Генералниот секретар Јенс Столтенберг треба да се обрати на Конгресот попладне, пред министерскиот состанок во вечерните часови, кој ќе продолжи и утре. На средбата ќе учествува и шефот на дипломатијата на Северна Македонија Никола Димитров.

Средбата ќе се одржи во Мелон Аудиториум, каде во 1949 година бешпе потпишан Северноатлантскиот договор и тоа ќе биде можност за одбележување на „мирот и стабилноста кои траат 70 години”.

Министрите за надворешни работи утре ќе разговараат за Русија

Треба да знаете
Последни објави