Skip to main content
Балкан

Бугарија ја исклучи можноста за учество во новата финансиска помош на ЕУ за Украина

21/10/2026  21:30

Бугарија повеќе нема да учествува во новата финансиска помош од Европската Унија за Украина, изјави вчера бугарскиот премиер Румен Радев, пренесе ДПА.

На неодамнешниот самит на ЕУ, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од ЕУ дополнителни 70 милијарди евра за следната година со цел да издржи во одбраната од руската инвазија.

– Како ви изгледа ова во контекст на сè што се случува во Европа? Бугарија не може на никаков начин да биде вклучена во овие 70 милијарди евра – изјави Радев за време на посетата на малото гратче Тврдица.

Тој потсети дека ЕУ минатата година одобри 90 милијарди евра за Украина, со кои беа опфатени 2026 и 2027 година. Трите земји членки на ЕУ – Унгарија, Чешка и Словачка – тогаш издејствуваа да не придонесуваат во трошоците за тој заем. Бугарија, сепак, учествуваше.

Тој изјави дека војната во Украина ги исцрпува европските економии и води кон социјални тензии и политичка нестабилност. Поради тоа, тој повика на што побрзо завршување на војната.

– Исходот нема да се постигне со воени средства – рече бугарскиот премиер, кој претходно беше претседател на земјата од 2017 година до неговата оставка во јануари 2026 година.