Полскиот премиер се спротивстави на Директивата за дигитални авторски права на ЕП

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки се спротивстави на директивата за правилата за авторски права на дигиталниот пазар усвоена неодамна од Европскиот парламент и им се заблагодари на членовите на владејачката Право и правда на Полска (ПиС) за гласањето против мерката, пренесува „Спутник“.

„Ние пропагиравме, пропагираме и ќе пропагираме слобода на интернет. Им благодарам на сите европратеници од од ПиС што гласаа за слободата и граѓанските права на милиони полски корисници на интернет”, напиша Моравјецки на Твитер.

Сите пратеници на ПиС, заедно со четворица членови на полската опозициска Граѓанска платформа, гласаа против предложената директива – седум опозициски пратеници гласаа „за“.

Изјавата доаѓа откако ЕП во вторникот гласаше за контроверзна директива со која се бара интернет платформите да го споделат својот приход со креаторите на содржини и да бидат одговорни за содржините со авторски права што нивните корисници ги поставуваат и споделуваат онлајн.

Директивата беше усвоена по вжештената дебата во вторникот со 348-274 гласови и 36 воздржани.

Енергичните дебати во врска со новата реформа беа поттикнати од Членовите 11 и 13 од Законот за авторски права на блокот.

Треба да знаете
Последни објави