Дабл-дабл за Јокиќ во 50. победа на Денвер

Српскиот центар Никола Јокиќ прикажа уште една одлична партија во „Пепси центар” во Денвер и со 23 поени и 15 скока го предводеше својот тим до триумф над Детроит.

За Денвер нагетс ова беше 50-та победа во тековната сезона од НБА лигата.

Резултати на натпреварите одиграни ноќта меѓу вторник и среда:

Шарлот – Сан Антонио 125:116 (по продолжение)
Кливленд – Бостон 106:116
Мајами – Орландо 99:104
Торонто – Чикаго 112:103
Милвоки – Хјустон 108:104
Минесота – ЛА клиперс 111:122
Њу Орлеанс – Атланта 120:130
Далас – Сакраменто 121:125
Денвер – Детроит 95:92
ЛА лејкерс – Вашингтон 124:106.

До сега место во плеј-офот имаат обезбедено: Голден стејт, Денвер, Портланд, Хјустон и ЛА клиперс од Западната конференција, како и Милвоки, Торонто, Филаделфија, Индијана и Бостон од Истокот.

Треба да знаете
Последни објави