Британец се обиде да избега од Австралија со џет-ски скутер

Полицијата уапси еден Британец кој се обиде да избега со џет-ски од најсеверната точка на Австралија.

За 57-годишниот бегалец беше издадена потерница во Западна Австралија поради кривично дело поврзано со дрога, објави во средата австралиската федерална полиција.

Полицијата во понеделникот доби дојава дека е забележан маж како седнува на џет-ски, снабден со дополнително гориво, во заливот Пундсанд во Кејп Јорк и преку теснецот Торес се упатил кон 150 километри оддалечената Папуа Нова Гвинеја

Полицијата го лоцираше џет-ски скутерот на источната страна на островот Сајбај, околу четири километри од брегот на Папуа Нова Гвинеја и го уапси бегалецот.

„Секој што мисли дека незабележан може да влезе или да излезе од Австралија на овој начин треба  повторно да размисли”, рече командантот на австралиската гранична служба, Џо Крукс.

Треба да знаете
Последни објави