
Пожар избувнал во објект на улицата „Трета македонска бригада“ во скопската општина Аеродром, во раните утрински часови на 20 октомври.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен во СВР Скопје околу 2:40 часот по полноќ.
На местото веднаш интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита, кои успеале да го изгаснат огнот.
Во пожарот нема повредени лица, потврдуваат од полицијата.
На терен излегле и полициски службеници од СВР Скопје.
Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуалната материјална штета.
