
Сообраќајна несреќа се случила на мостот на булеварот „Киро Глигоров“, во близина на хотелот „Хилтон“ во скопската општина Аеродром.

Според првичните информации на 24инфо, во несреќата бил удрен мотоцикл управуван од доставувач на „Волт“.
На фотографијата од местото се гледаат паднат мотоцикл, лице кое лежи покрај коловозот и неколку граѓани во непосредна близина.
Засега нема официјално потврдени информации за здравствената состојба на мотоциклистот, ниту за причините и околностите под кои се случила несреќата.
