Skip to main content
Скопје

Герасимовски: Згради со 20 стана имаат само седум паркинг-места, последиците ги трпат граѓаните

20/10/2026  21:09

Згради со дваесетина станови, а само седум паркинг-места, дополнително го оптоваруваат паркирањето во Центар. Градоначалникот Горан Герасимовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ посочи дека проблемот произлегува од паркинг-решенија кои во минатото биле прикажувани во проектите, но не биле реализирани.

Според него, недостигот од предвидените места го зголемува притисокот врз јавните улици. Општината работи на подобрување на условите при издавањето градежни одобренија, за новите објекти да располагаат со реално обезбеден паркинг-простор.

Герасимовски посочи и на претходни практики при определувањето на висината на градбите на падините на Водно. Како што објасни, начинот на пресметување и конфигурацијата на теренот овозможувале дополнителни три до четири ката.

Тој тврди дека тие можности се отстранети, со цел поголема контрола врз изградбата. Нагласи дека градењето мора да се одвива според јасни правила и со почитување на интересите на граѓаните.