
Поради планирани интервенции во електропреносната мрежа, делови од општините Гази Баба и Илинден денеска ќе бидат без снабдување со електрична енергија.
Како што стои во соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, по добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД, во периодот од 8:00 до 14:30 часот, поради работа во трансформаторската станица „Синѓелиќ 2“, струја ќе немаат дел од корисниците на улицата „Палмиро Тољати“ во населбата Синѓелиќ, во општина Гази Баба.
Поради реконструкција на нисконапонската мрежа, без напојување во општина Гази Баба ќе останат и дел од корисниците на улицата „Среќко Пужалка“, и тоа од број 50 до број 60 во период од 8:00 до 13:00 часот, како и од број 30 до број 35а од 12:00 до 14:00 часот.
Во општина Илинден, пак, поради реконструкција на мрежата, прекини се најавени за корисниците од улиците „2“, „3“ и „406“ во населбата Јака/Марино од 9:00 до 13:00 часот, додека од 9:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат жителите на улиците „510“ и „526“ во селото Марино.


