Пронајдена црната кутија од авионот на „Етиопијан ерлајнс“

Етиопската национална телевизија објави дека е пронајдена црната кутија на авионот „боинг 777Max“ кој се урна вчера утрото, шест минути по полетувањето од Адис Абеба.

Во авионот на „Етиопијан ерлајнс“ на летот од Адис Абеба кон Најроби, имало 157 луѓе, 149 патници и осум членови на екипажот. Во несреќата никој не преживеа, а во авионот имало патници од најмалку 33 земји. Меѓу нив и еден државјанин на Србија, кој имал пасош на Обединетите нации.

Засега не е позната причината за падот на новиот авион кој во Етиопија стигнал во ноември 2018 година. Компанијата „Етиопијан ерлајнс“ утринава соопшти дека е донесена одлука да бидат приземјени сите модели „боинг 777Max“ во таа земја сè до завршување на истрагата.

Засега е познато само дека пилотот веднаш по полетувањето од Адис Абеба почнал да пријавува дека има технички проблеми и побарал итно да се врати на аеродромот. Шест минути по полетувањето, авионот се урнал.

Треба да знаете
Последни објави