Skip to main content
Свет

Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз, туристите не можат да влезат во музејот

19/10/2026  11:30

Демонстрантите денес ги блокираа влезовите во музејот Лувр во Париз за да покажат поддршка за националното движење на средношколците и да ја осудат полициската репресија. Управата на музејот и синдикатите потврдија дека институцијата не може да се отвори на време како резултат на тоа, објави „Еуроњуз“ .

Администрацијата додаде дека протестот го предводеле студенти на „Екол ду Лувр“. На флаер изложен пред музејот пишувало: „Со гордост објавуваме дека го блокираме најголемиот музеј во светот“.

Серијата протести започна минатиот месец како реакција на лошите услови во средните училишта низ целата земја. Барањата оттогаш се проширија на други прашања, како што се инфлацијата и растечките трошоци за живот, а демонстрациите прераснаа во израз на пошироко социјално незадоволство.