Skip to main content
Македонија

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

19/10/2026  10:08

Соопшгтение за јавност на ДУИ:

Демократската унија за интеграција го поздравува резултатот постигнат од кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, на изборите за градоначалник на Општина Брвеница.

Пласманот во вториот круг е доказ за поддршката од граѓаните и за важноста на континуираниот ангажман за достоинствено претставување, локален развој и институции што им служат на сите граѓани, без разлика на нивната припадност.

ДУИ изразува благодарност до секој граѓанин што учествуваше во изборниот процес, како и до сите оние што ја поддржаа кандидатурата на Аркин Јахији.

На Брвеница ѝ е потребна општина во која гласот на секој граѓанин ќе биде слушнат, во која инвестициите и услугите ќе се распределуваат рамноправно и во која соживотот ќе се гради врз основа на почитување и еднаквост.

Остануваме посветени, заедно со граѓаните, да продолжиме со ангажманот за правична застапеност и подобра иднина за Брвеница.