Skip to main content
Свет

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг – пробиена заштитната ограда

18/10/2026  18:20

Германските власти денеска започнаа истрага откако беше откриен голем отвор во заштитната ограда на аеродромот во Лајпциг, кој се појавил во текот на ноќта, пренесува ДПА.

Во август, на истиот аеродром беше извршен обид за напад со беспилотно летало наполнето со експлозив. Германските власти ја обвинија Русија, додека Кремљ ги отфрли тие тврдења.

Оштетувањето на оградата било откриено синоќа околу 23:00 часот. Полицијата соопшти дека првичните докази укажуваат оти оградата била пробиена од возило.

Екипите за итни интервенции го пребарале аеродромскиот простор, но на самото место не пронашлеа ниту возило, ниту натрапници.

Засега не е јасно дали постои некаква поврзаност помеѓу пробивањето на оградата и претходниот инцидент со беспилотно летало.