Skip to main content
Спорт

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

17/10/2026  12:01

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, директно му одговори на Реал откако мадридскиот клуб побара негова оставка.

– Не знам колку пати во текот на тринаесет години раководството на Реал Мадрид побара моја оставка или се обиде да ме суспендира. Веќе го знам ова сценарио. Исто така, се сеќавам на зборовите: Ќе ги свртам сите навивачи на Реал Мадрид против вас, а вие нема да можете да одите по улицата мирно, напиша Тебас на социјалните мрежи.

Во петокот попладне, Реал Мадрид издаде соопштение во кое бара „итна оставка од Тебас како претседател на Ла Лига и потпретседател на Шпанската фудбалска федерација.

Ова следеше по објавата на Тебас во која ги спореди методите на комуникација на мадридскиот клуб со оние на Јозеф Гебелс, шефот на пропагандата на нацистичка Германија.