Skip to main content
Македонија

Николоски: Планираме реконструкција и електрификација на пругата Велес – Битола и набавка на околу 9 патнички возови и 5 електрични локомотив

16/10/2026  08:31

Преку ИПА 3 програма на ЕУ планираме да ја реконструираме, надградиме и електрифицираме пругата од Велес до Битола, истакна во емисијата “Само Интервју” на ТВ Канал 5, заменик претседателот на Владaта и министер за транспорт Александар Нiколоси.

”  Вчера имавме состанок за ИПA-2 и ИПA-3 со амбасадорот на ЕУ и неговиот тим и веќе целата делница од Велес до Битола влезе во ИПА-3, која што треба да биде усвоена до крајот на годината од ЕУ и веќе од 1 јануари да е оперативна. Секако, ќе има процес на тендерирање, избор на изведувач, изведба, но веќе Велес-Битола влезе како приоритет. Таму одиме со реконструкција, надградба и многу важно  електрификација, затоа што сега до исклучувањето кај Велес е електрична, а после тоа мора да се користи дизел локомотива. Така што, ако имаме електрична, ем ќе е поевтино, ем еколошки е подобро” -истакна Николоски. 

Тој најави и набавка на нови возови и локомотиви

” Се договоривме со Европската банка за обнова и развој за набавка на најмалку 5 електрични локомотиви, нагласувам електрични, тоа е во насока на оваа зелена агенда којашто ја тераме. И второ, при крај сме на договор со Светска банка за набавка на 5 до 7 патнички гарнитури, а дополнително на тоа од сопствени средства, затоа што МЖ Транспорт е веќе во далеку подобра финансиска состојба, очекувам 2 воза да набават сами во текот на следната година. Значи, ќе имаме 9 нови воза во следните 2 до 3 години и 5 нови локомотиви” – истакна вицепремиерот Николоски.