Skip to main content
Спорт

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

15/10/2026  19:34

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денес беа извлечени двојките за осминафиналната фаза во националниот куп. 

Двојки за 1/8финалето во Купот на Македонија:

Скопје – Новаци
Струга ТЛ – Беласица
Брера – Арсими
Вардар – Тиквеш
Пелистер – Силекс
Работнички – Саса
Македонија ЃП – Брегалница
Башкими – Шкендија Арачиново.

Точните термини и стадионите на кои ќе се одиграат натпреварите ќе бидат дополнително потврдени.