
Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала денеска попладне е регистриран во југозападниот дел на Македонија, во близина на Охридското Езеро.

Според податоците од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот се случил во 15:34 часот, на длабочина од 15 километри.
Епицентарот бил лоциран на координатите 40.963 степени северна географска ширина и 20.769 степени источна географска должина, во близина на брегот на Охридското Езеро, Националниот парк Галичица и населеното место Љубаништа.
Станува збор за земјотрес со мала магнитуда, кој вообичаено не предизвикува материјална штета. Ваквите потреси најчесто се слабо почувствувани или воопшто не се забележуваат од населението.
Според досега достапните информации, нема пријави за повредени лица или причинета материјална штета.


