Три обвиненија за тероризам по нападот на божиќниот саем во Стразбур

Прелиминарни обвиненија за тероризам им се предадени на три лица по нападот на божиќниот саем во Стразбур, соопштија судските власти во Франција.

Станува збор за лицата кои беа уапсени во текот на истрагата по нападот, во кој загинаа вкупно пет лица, а неколку беа повредени.

Судски службеник, кој не е овластен јавно да зборува за истрагата, не ги именуваше тројцата уапсени.

Во вторникот покрај овие три лица, беа уапсени уште двајца осомничени кои подоцна беа ослободени од притов без оптужба.

Неименуваниот официјален претставник од судот не ги потврди ниту пишувањато на француските медиуми дека тројца лица се осомничени дека му помагале на напаѓачот да го набави оружјето што го користел за време на нападот во декември минатата година.

Напаѓачот Шериф Чекат се заколнал на лојалност кон Исламската држава, тој беше убиен од страна на полицијата, два дена по нападот.

Треба да знаете
Последни објави