Берлинската полиција ја проверува автентичноста на три уметнички дела од Хитлер

Берлинската полиција денеска објави дека експерти проучуваат дали три пејзажи насликани со водени бои се дело на младиот Адолф Хитлер.

Портпаролот на полицијата, Мартин Халвег, изјави дека сликите биле одземени од аукциска куќа пред да бидат продадени, откако добиле жалба во која се посочуваат сомнежи за нивната автентичност, пренесува агенцијата АП.

Сликите датираат од 1910 и 1911 година, потпишани се А. Хитлер и требаше вчера да бидат ставени на аукција.

Халвег вели дека сега делата се испитуваат од страна на форензичари и историчари на уметност.

Како младо момче, Хитлер насликал околу 2.000 слики.

Во пресрет на Првата светска војна, Хитлер бил сиромашен, па заработувал пари со правење разгледници и сликање на евтини цртежи.

Неговиот долгогодишен сон да стане уметник паднал во вода, откако двапати бил одбиен на приемниот испит во Виенската академија за применети уметности.

Познато е дека постојат стотици дела на Хилтер, од кои повеќето се во сопственост на Армијата на САД, конфискувани откако сојузничките сили го победиле Хитлеровиот режим на крајот од Втората светска војна. Оваа колекција никогаш не била јавно изложена.

Сликата на Хитлер од старото градско собрание во Минхен во 2014 година беше продадена за 130.000 евра

Треба да знаете
Последни објави