Црна Гора: Десетмесечно бебе почина од грип од типот А

Десетмесечно бебе почина во Црна Гора како последица на проблеми настанати од вирусот на грип од типот А. Машкото дете било примено на Институтот за детски болести на Клиничкиот центар во Подгорица со сериозни респираторни проблеми и починало синоќа, потврдуваат од болницата.

Претходно почина 2,5-годишно дете од Улцин, како што се сомневаат, исто така од вирусот на грип од типот А. Според неофицијалните сознанија, Вишото државно обвинителство покренало истрага за овој слуачј.

,,Двете деца не се вакцинирани против сезонски грип бидејќи според препораките не спаѓаат во ризините групи”, се наведува во соопштението на Клиничкиот центар.

Треба да знаете
Последни објави