Во пресрет на денешното гласање во грчкиот парламент за ратификување на договорот од Преспа, пред парламентот почнаа подготовки за нови протести, објави грчки „Катимерини“.
Гласањето е закажано во 14 часот и 30 минути по локално време, но како што пренесува „Катимерини“, можно е да има и одлагање на терминот за подоцна во текот на денот.
Демонстрантите најавија дека денешните нови протести ќе започнат во 12 часот, а главниот собир за оние кои сакаат да присуствуваат ќе биде на плоштадот Синтагма. Грчката полиција синоќа користеше солзавец и шок-бомби за да растера демонстрантите кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред парламентот. Демонстрантите пак, кон полицијата фрлале камења, бакли и молотови коктели.