Search

Борко го начека Червар на „пенал“ и му фати сеир за тврдоглавоста која скапо ја плати

Хрватската ракометна репрезентација сама си ја закомпликува работата на мундијалот и сега се стави во доста незавидна ситуација по неочекуваниот и шокантен пораз од Бразил, бидејќи популарните „каубои“ ќе мораат да бркаат победи против Германија и Франција за да се најдат во полуфиналето.

Хрватите беа издвоени како главни фаворити за пласман меѓу најдобрите четири поради тоа што внесоа четири бода во втората фаза, но дефинитивно никој не очекуваше дека ќе загубат од Бразил, селекција која традиционално имаше само лоши спомени од пресметките со поранешниот светски шампион.

Бразилците успеаја да ги казнат сите грешки на Хрватите и сосема заслужено стигнаа до голема победа, а дел од хрватските медиуми по мечот го вперија прстот кон Лино Червар, прашувајќи зошто упорно форсираше игра „7 на 6“ кога тимот примаше лесни голови поради техничките грешки. На крајот статистиката покажа дека Хрватска прими дури седум гола на празен гол, погубни бројки кои ги искористи и Борко Ристовски за да му фаќа сеир на Червар. Искусниот Лино по мечот призна дека бил тврдоглав и се обиде да објасни зошто бил упорен во практикување на играта „7 на 6“, но сепак сето тоа ќе има навистина мало значење ако на крајот Хрватска не се најде во полуфиналето.

Добро познато е дека Борко и Лино не ја завршија најдобро својата соработка во македонската ракометна репрезентација, па затоа воопшто не чуди последната активност на македонскиот „министер за одбрана“ на социјална мрежа.

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави