Триесетгодишен жител на с.Ливада-струшко ноќеска околу 3.25 часот со автомобилот излетал од патот и удрил во бандера. Во незгодата тој се здобил со повредеи, а тешко повреден е и сопатник кој се возел со него.
Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.