Три лица од Албанија краделе од куќа во Гостивар, на сопствениците им се заканиле со пиштол

Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против Д.К(30), И.К. и Р.К.(30) сите од село Здејан, Албанија за сторено кривично дело ,,разбојништво”.

„На 13 ноември, во период од 2 до 2.30 часот во Гостивар на улицата „204“, во куќата на Ј.Ј.(61), три лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над Ј.Ј и неговата сопруга, физички го нападнале Ј.Ј., по што одзеле 25.000 денари, 500 евра, два рачни часовници, затен накит и два мобилни телефони“, соопшти полицијата.

Треба да знаете
Последни објави