Прилепчанка загина во пожар

Старива од Прилеп загина во пожар, вчера во сопствениот дом, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 20 часот во Прилеп на улица Митко Цветановски.

Тогаш во куќата сопственост на М.К.(82) од засега неутврдени причини избувнал пожар, кој бил изгаснат од Противпожарна екипа. По локализирање на огнот пожарникарите во куќата ја пронашле почината М.К., а смртта настапила најверојатно од задушување со чад.

Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави