
Победникот на спринт трката и најбрзиот во квалификациите на Големата награда на Сингапур, Макс Верстапен реагираше на околностите на кои се возат трките во Ф1. Возачот на Ред Бул на спринт трката ја загуби пол позицијата од Џорџ Расел, но возачот на Мерцедес остана без пласман.

– Не треба да се организираат спринт трки на патеки каде нема простор за претекнување. Има патеки на кои може да се тркате и да ги минувате ривалите, но на некои места е едноставно невозможно. Следната година ќе имаме спринт трки и на такви патеки, изјави Верстапен.
Во Ф1 планираат следната година да го зголемат бројот на спринт трки од шест на десет, а можно е таква трка да се вози и во Монако.
Трикратниот светски првак напомена дека се потребни подолги правци или навистина спора кривина, каде може да има претекнување.
Денешната трка за ГН на Сингапур стартува во 14 часот, а Верстапен ја има пол позицијата.

