Skip to main content
Магазин

Поради учество на маратон додека бил на боледување, Холанѓанец добил 60.000 евра оштета поради отказ од компанијата

09/10/2026  18:31

Холанѓанец учествувал на маратон во Ротердам додека бил на боледување поради проблеми со колкот, по што добил отказ од фирмата за обработка на метали, каде што работел. Според работодавачот, тој ја злоупотребил неговата доверба, избегнувајќи одговорност кон фирмата. По ова, тој поднел жалба до Судот, наведувајќи дека не се согласува со одлуката.

„Физичката активност може побрзо да му помогне во заздравувањето и затоа му одобрив постепено зголемување на физичкиот напор“, се наведува во извештајот од докторот.

По разгледаните докази, Судот донел одлука во негова корист, односно компанијата да му исплати оштета од 60.000 евра, како и дополнителен паричен надомест.