Италијанскиот производител на автомобилски гуми, Пирели во средата во Милано го претстави 46.календар основан од фотографката Ени Леибовиц, а на најновото издание работел шкотскиот фотограф Алберт Вотсон. Неговите модели се актерките Џулија Гарнер и Летиција Каста, балерината Мисти Копленд и моделот Џиџи Хадид .
Од своето прво издание во 1964 година, календарот на Пирели стана икона што колекцинерите сакаат да го поседуваат. Се печати во 12.000 примероци и се нуди за Божиќ како подарок за клиенти или на познати личности.
Годинава честа да го сними календарот ја имаше 76-годишниот Вотсон, кој на две фотографии ја пренесува целосната голотија на жените, што е прв пат по 2016 година.
Насловот на календарот е “Сонување”, а фотографиите се црно-бели, но исто така и во боја.
https://www.instagram.com/p/BrAlJf9Fgx9/?utm_source=ig_web_options_share_sheet