Парламентот го поддржа Порошенко во намерата да го укине договорот за пријателство со Русија

Украинската Врховна Рада ја поддржа одлуката на претседателот Петро Порошенко за укинување на договорот за пријателство, соработка и партнерство со Русија.

„Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Украина и Русија ќе биде укинат на 1. април 2019 година“, се наведува во соопштението за предлогот, а пренесе руската агенција „Тасс“.

Агенцијата соопшти дека за поддршка на одлуката на претседателот гласале 277 пратеници, а потребни биле најмалку 226 гласа за предлогот да биде усвоен.

Треба да знаете
Последни објави