Skip to main content
Македонија

Пред нас се два продолжени викенда во октомври – еве кога ќе одмараат граѓаните

09/10/2026  09:21

Октомври годинава носи два продолжени викенда за граѓаните, благодарение на државните празници кои се неработни денови за сите. До крајот на 2026 година остануваат уште три неработни дена, што отвора можност за кратки патувања, одмор и повеќе време со семејството.

Првиот продолжен викенд започнува утре, 10 октомври, а повод е одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание.

Бидејќи празникот годинава се паѓа во недела, понеделник, 12 октомври, ќе биде неработен ден за сите граѓани. На тој начин, оние што имаат слободни сабота и недела ќе можат да уживаат во три последователни неработни дена.

Но, тоа не е единствената можност за продолжен викенд во октомври.

Само единаесет дена подоцна, на 23 октомври, петок, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба. И овој празник е неработен за сите граѓани, што значи дека следува уште еден тридневен викенд.

По октомвриските празници, последниот неработен ден за сите граѓани во 2026 година е 8 декември – „Св. Климент Охридски“, кој годинава се паѓа во вторник.

Со тоа, граѓаните до крајот на годината ќе имаат уште три неработни дена по основ на државни празници, од кои два овозможуваат продолжен викенд без користење дополнителни денови од годишниот одмор.

За оние што планираат кратко патување или семеен одмор, октомври е добра можност навреме да ги организираат слободните денови.