Search

Митревски-Кољо: Ќе си одговарам за тоа што сум го сторил на 27 април

Ја признаваам вината што влегов во Собранието и не бегам од одговорност. Ме има на снимките од 27 април во Собранието и ќе си одговарам за тоа што сум го сторил. Имам две деца и не планирам да се дадам во бегство, рече обвинетиот Никола Митервски-Кољо на денешната јавна седница на Апелациониот суд за укинување на притворот на обвинетиот.

Митревски-Кољо исто така, како дополнителна околност за одлучување по барањето рече дека за постапката сам се пријавил на органите на прогонот и никокаш не бил во бегство.

Апелација има рок од 48 часа да одлучи по барањето на обивнетиот Никола Митревски-Кољо по барањето за укинување на мерка притвор за настаните од 27 април во Собранието.

Треба да знаете
Последни објави