Настинката го слабее срцето

Многумина не ги сфаќаат сериозно настинката и респираторните инфекции предизвикани од вируси, но овие состојби може да доведат до сериозни болести: развој на ревматска треска, влошување на алергијата, слабеење на срцето…

Настинката во комбинација со слаб имунитет како по правило значи појава на бактерии. Тие се главната причина што обично вирусно воспаление може да се комплицира и да се добие инфекција на увото, хронично синусно воспаление, продолжена кашлица, пневмонија.

Професор , кардиолог во Белград, вели дека респираторните инфекции, а пред сè, грипот, неколкупати ја зголемуваат опасноста од појава на срцева слабост.

Ако симптомите продолжат и по три-четири дена или ако се влошат во смисла на тешкотии при дишењето, болка во градите или папсаност, потребна е лекарска помош, вели доктор.Знаци што покажуваат значителни оштетувања на срцето се болка во градите, неправилно чукање на срцето, слабост, отекување на нозете или неспособност да се лежи на рамно. Доколку одредено сериозно воспаление на срцето не е откриено навреме и не се лекува на соодветен начин, доаѓа до трајно оштетување на срцето во смисла на хронична срцева слабост, па дури и фатален исход.

Треба да знаете
Последни објави